Австрискиот мултимилијардер Рихард Лугнер почина на 91-годишна возраст.
Рихард Лугнер почина во Виена по долга борба со неколку болести, пренесува британски „Сан“.
Пред два месеци Лугнер се ожени по шести пат. Неговиот последен избор, актерката Симоне „Биенхен“ Рајландер е 49 години помлада од него. Неговите претходни бракови и врски беа главно со помлади жени. Со Симоне се сврши во 2021 година, а два месеци подоцна ја раскинаа свршувачката, но во меѓувреме се смирија.
– Ќе ми биде шеста свадба, но на неа гледам само како на трета. Но, тоа сигурно ќе биде мојот последен брак – изјави претходно Лугнер.
Но, првите проблеми се појавија брзо бидејќи, како што пренесоа странските медиуми, Лугнер одлучил Симоне да ја наследи неговата деловна империја.
Ова не и се допаднало на неговата ќерка Жаклин која мислеше дека ќе биде наследничка.
Како што пишуваше тогаш „ОЕ24“, Симоне треба да добие и дел од наследството на Лугнер, што исто така не им се допаѓа на членовите на семејството.
Овој милијардер често беше во друштво на познати личности, па многумина го гледаа со Ким Кардашијан и Парис Хилтон.