Легендарната Витни Хјустон е родена на 9 август и денеска би наполнила 61 година доколку нејзиниот живот не згазнал тој кобен 11 февруари 2012 година.
Сите знаете за нејзината славна кариера, но зад тој гламур често се крие тага, а животот неретко умее да биде суров дури и за луѓето кои наизглед имаат сè.
Силување и злоставување
Тажната приказна започнала уште во раното детство. Нејзината родина Ди Ди Варвик со години ја малтретирала, но пејачката никогаш не ги потврдила овие наводи, иако нејзиниот брат тврдел дека тие долго време трпеле силување и малтретирање во семејниот дом, што секако оставило големи психолошки последици кои се одразиле и на нивните секојдневни животи.
Имала само 11 години кога почнала да се занимава со музика, а за прв пат гласот го „пуштила“ во детски хор. Кога ја извела својата прва соло песна пред публиката, била толку импресивна и неспоредливо подобра од другите, па многумина веќе тогаш коментирале дека еден ден таа ќе биде светска поп ѕвезда. На почетокот на кариерата имала голема поддршка од потесното семејство.
Нејзините постари браќа Гери и Мајкл и помогнале во музичката кариера бидејќи уште од првиот ден верувале дека нивната сестра еден ден ќе стане најголема! Мајкл бил лидер на патувањето и направи апсолутно се – од инсталација на опремата до организација на тимот. Гери работел како придружен вокал на својата сестра и бил голема поддршка на често исцрпувачките и напорни турнеи.
Подем во музичкиот свет
Иако кратко работела како модел и актерка, Витни сфатила дека музиката е нејзината најголема љубов, па набрзо започнала професионална музичка кариера. Во 1985 година го издала својот прв албум „Витни Хјустон“, кој станал најпродаваниот деби албум во историјата! Хитовите следеа еден по друг, а отскочна штица во нејзината кариера била дефинитивно улогата во култниот филм „Телохранител“, кога благодарение на него ја создала една од најпознатите песни на сите времиња „I Will Always Love You“.
Благодарение на својот безвременски талент, убавата пејачка освоил шест Греми награди, издала седум студиски албуми, продаде околу 170 милиони ЦД-а и видеа, а магазинот „Ролинг Стоун“ ја сместил на листата на „100 најдобри пејачи на сите времиња“.
Со сопругот почнала да тоне во пеколот на дрогата
Во 1992 година, пејачката се омажила за пејачот Боби Браун, фронтменот на бендот „New Edition“. Двајцата имале неверојатна хемија. Тие биле неразделни и деструктивни истовремено, а Витни почнала да тоне во пеколот на дрогата заедно со него.
Ја добиле ќерката Боби Кристина, која исто така починала од предозирање пред неколку години, иако своевремено главен осомничен за нејзината смрт бил вереникот Ник Гордон (кој исто така се предозирал на Нова Година – 2020 година).
Неколку години по нејзината смрт, нејзината пријателка Робин Крафорд одлучила да ја открие вистината која пејачката, како што вели, ја криела. Имено, тие две наводно биле во врска, а сè започнало кога се запознале некаде во осумдесеттите.
„Сè започна првото лето кога се запознавме. Тогаш се случи првиот бакнеж. Ништо не беше планирано, само се случи“, изјавил Робин. Таа додала дека нивната врска била само физичка, но и тоа го прекинале кога Витни го потпишала својот прв голем договор.
Пад на популарност и пропаст
Не многу пред нејзината смрт, нејзините песни почнале да паѓаат од топ-листите, нејзиниот глас повеќе не бил како некогаш, папараците ја снимале во ужасни изданија, а потоа „National Enquirer“ објавил фотографија од нејзината бања со прибор за консумирање дрога.
После тоа, таа одлучила да направи пресврт во кариерата. Се оддалечила од Боби, била на рехабилитација од дрога и алкохол и дала големо интервју кај Опра Винфри, по што добила можност да одржи големи концерти, но секој од нив бил нов колапс. Иако била една од најголемите пејачки на сите времиња, трагичниот крај оставил горчлив вкус во устата на многу фанови кои денес ја паметат Витни, како што велат, само по нејзиниот неверојатен глас и харизма.