Џоан Колинс, познатата Алексис од „Династија“, сподели слики од својот одмор на Инстаграм и луѓето не престануваат да ги коментираат.
Познатата актерка (91) ужива во Сен Тропе со сопругот Перси Гибсон (59), а парот позирал на луксузна јахта каде уживале заедно со пријателите.
„Убава си, навистина го живееш животот, заслужуваш се“, ѝ порачаа фановите на актерката во коментарите. Многумина ѝ пишаа, а повеќе од видливо од фотографиите е дека изгледа феноменално.
Актерката во една прилика во интервју ја откри тајната на убавиот изглед: „Не одете на диета, само јадете помалку. Ако треба да изгубите некој килограм за да се вклопите во нешто, јадете варени јајца и брокула три дена, ако треба да грицкате, јадете повеќе брокула, морате, без разлика колку ја мразите“, рече таа.
Инаку, Џоан е во брак со Перси од 2002 година, а актерката претходно во интервјуата се осврна на таа разлика.
– Бевме одлични пријатели пред да се венчаме. Работевме заедно на претстава. Уживавме еден со друг. Се дружевме. И продолживме да се дружиме во следните години. Пишувавме љубовни писма – тоа беше постепено. И сфативме дека сме на иста бранова должина – рекла Колинс, пренесува „Индекс.хр“.