Хајди Клум објави видео на својот Инстаграм за да му ја честита годишнината од бракот на својот сопруг Том Каулиц.
На објавата се гледа како Хајди лежи врз сопругот, го носи само долниот дел од костимот за капење, а со рацете ги покрива голите гради. Во еден момент ѝ се гледаше брадавицата, но не ѝ пречеше.
„Ја славиме нашата љубов денес и секој ден“, вели 51-годишната со објавеното видео. Сопружниците потоа објавија заеднички фотографии. “Не би можела да побарам подобар. Те сакам Том”, напишала Хајди која на фотографиите позирала и топлес, но се сокрила зад Каулиц.
Тие неодамна одмараа во Венеција каде беа снимени додека се возат во гондола. Таму ги следеа папараците. Така го снимиле моментот кога манекенката и нејзиниот сопруг се движеле кон гондолата, а Том ја тапкал Хајди по задникот.
За потсетување, таа неодамна гостуваше во интернет ток-шоуто Hot Ones, познато по тоа што ѕвездите јадеа зачинети пилешки крилца за време на интервјуата, а во еден момент го соблече градникот.
Додека одговарала на прашања за нејзиниот живот, манекенката јадела врели крилца и пиела млеко од стаклено шише за да го затапи лутиот вкус, а ситуацијата ескалирала кога кај водителот Шон Еванс признала дека „почнала да се вжештува“. Клум потоа без двоумење ја соблече тексас кошулата и го продолжи интервјуто облечена во црвен градник.