Откако пред два дена ја “тумбаше“ колата, 97-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип доби полициска опомена откако е снимен како вози без појас.
Британските медиуми ја пренесоа фотографијата на која принцот вози “ленд ровер“ без да стави појас.
“ Знаеме за форографијата. Ние постапуваме според законот и реагираме кога ќе добиеме фотографија со тој тип на прекршок“ – изјавил портпаролот на британската полиција.
Инаку, во четвртокот принцот Филип предизвика сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил во судар со друго возил се преврта. Тој излезе неповреден, на деветмесечно бебе од дрогото возило добил полесни повреди. После тоа на социјалните мрежи започна кампања принцот да ја врати возачката дозвола