Бјанка Цензори и Канје Вест присуствуваа на роденденската забава на менаџерот Џон Монополи во Лос Анџелес, пишува Daily Mail.
Папараците успеаја да ги фотографираат пред влезот во ресторанот, а Бјанка и овој пат шокираше со својот аутфит.
Таа носеше проѕирен мрежест комбинезон што не крие ништо. Нејзините голи гради и брадавици јасно се гледаа, а носеше само танга. Косата ја подигна со црна штипка, а аутфитот го комплетира со црни потпетици. За разлика од неа, Вест беше облечен целосно во црно, во бомбер јакна со качулка.
Бјанка не престанува да привлекува внимание со своите комбинации. Така таа неодамна беше фатена во проѕирен краток фустан и танга во боја на кожа додека пазаруваше во Беверли Хилс без нејзиниот сопруг.
Тие беа снимени заедно неколку дена претходно, носејќи ја ќерката на Канје, Норт Вест во кино за да го гледаат новиот филм на Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен, Deadpool & Wolverine. Бјанка носеше необична комбинација за одење во кино. Имаше маица со долги ракави, капа, штикли и – долна облека.
Со оглед на тоа што сопругата на Канје со месеци се шета полугола во јавност, странските медиуми пишуваат дека Ким Кардашијан, поранешната сопруга на раперот и мајка на неговите деца, не ги одобрува нејзините модни изданија. Таа, наводно, го предупредила дека мора да ја покрие Бјанка кога се во близина на нивните деца. Иако Ким има пријателски односи со новата сопруга на Канје, таа не е ентузијастичка за нејзината идеја за модата и не сака таа да се појавува така пред децата.
Не само Ким ја критикуваше нејзината облека. Рестораните одлучија да им забранат на Бјанка Ценсори и Канје Вест да влегуваат во нивните ресторани поради нејзините модни комбинации. „Ако јас сум сопственик на кој било објект во кој има намера да влезе оваа двојка, ќе им кажам, од почит кон моите гости, дека не смеат да влезат“, рече сопственик на ресторан.