Том Круз се смета за еден од најубавите актери а својот изглед на 62 години го одржува со посебен режим на исхрана и со редовно вежбање.
Круз оди во теретана секое утре и не консумира алкохол. Наместо три обилни оброци тој дневно јаде 15 мали ужини. Овој начин на исхрана повеќе му одговара на неговиот забрзан начин на живот. Не консумира чипс ниту други грицки а јаде големи порции овошје.
Актерот дневно консумира само 1.200 калории а тој начин на исхрана го осмислил Дејвид Бекам. Том избегнува преработена храна и јаглехидрати, а преферира јадења од скара и храна подготвена на ниски температури кои за него ги подготвува неговиот личен готвач.
Намирниците подготвени на овој начин ги задржуваат своите корисни својства и добро влијаат врз здравјето. Том често јаде лосос,темно чоколадо, боровинки, ѓумбир, цвекло, брокули, домати и спанаќ, често консумира и маслиново масло.
Со намирниците богати со антиоксиданти како што се овошјето, јаткастите плодови и зеленчукот актерот ја надополнува својата исхрана.
Круз се определил за макробиотичка исхрана, што значи дека сите намирници кои ги внесува се органски одгледани. Со оглед на тоа дека Том особено води сметка за својот изглед и квалитетот на храната која ја консумира својот личен готвач го води со себе кога патува.