Неверојатната гимнастичарка Симон Бејлс го освои петото олимписко злато а вкупно деветти медал во нејзината кариера на олимписките игри, што ја прави една од најдобрите спортистки на сите времиња.
Прославената гимнастичарка со репрезентацијата на САД освои злато на годинешните олимписки игри во Париз. Таа денес е најголема ѕвезда во гимнастичарскиот спорт и жена со најголем број медали во историјата на гимнастиката, а нејзиниот успех е уште поголем ако се земе предвид нејзината тешка животна приказна која се споредува со чудо.
Годинешната нејзина победа доаѓа по нејзиното повлекување од минатите олимписки игри во Токио во 2020 година кога Бејлс се повлече од игрите за да се посвети на своето ментално здравје. На олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година таа го освои златниот медал. Златната Симон Бејлс додека на теренот со леснотија ги изведува движењата кои порано беа резервирани само за гимнастичарите, надвор од теренот е исто така успешна и посилна од бројните несреќи со кои се соочуваше.
Ја нарекуваат чудо од дете
Симон Бејлс е родена на 14 март 1997 година во Охајо, како трето од четирите деца. Меѓутоа нејзината мајка Шенон не можела да се грижи за децата бидејќи беше зависничка од дрога и алкохол па поради тоа децата биле посвоени од едно семејство.
„Не се сеќавам многу на тоа семејство, но знам дека те одвојуваат од биолошката мајка, а ти мислиш дека ќе ѝ се вратиш“, призна гимнастичарката.
Шенон Бејлс го запознала таткото на Симон, Келвин Клемонс додека двајцата биле тинејџери и зависници. Спортистката денес нема контакт со татко и, а мајка и Шенон повремено контактира со него. „Ме бараше во недела. Кажа: Ја гледам Симон, ја гледаш ли и ти? Тогаш побарај ме подоцна“, откри Шенон Бејлс пред камерите. „Тој знае дека таа е негова ќерка и се гордее со неа, додаде мајката на Симон.
Како што порано изјави Симон, таа била среќна што останала и не била разделена од браќата и сестрите откако биле разделени од мајка им, и вели дека верува оти сè што и се случило е добро за неа. „Имам чувство дека немаше да бидам тука каде што сум денес да ја немаше таа пресвртница.
Кога дознале дека нивните внуци се посвоени од семејство, бабата и дедото на Бејлс веднаш поднеле барање за посвојување на Симон и нејзината помлада сестра Адрија, додека постара сестра на дедо и Харијет, ги посвоила другите две постари деца.
Симон од мали нозе се потпирала врз своите баба и дедо и ги сметала за свои родители, и токму тие ја внесоа во светот на гимнастиката. Ја пријавија на шестдневен камп каде што за прв пат го практикувала овој спорт, а тренерите и предложиле да продолжи да тренира бидејќи има потенцијал. Кога имала осум години, Симон почнала да соработува со тренерката Ејми Бурман, а вистинската професионална кариера ја започнала на 14 години. Дедото и бабата и биле нејзината најголема поддршка на патот кон успехот и влегувањето во историјата на спортот, а баба и ја држеше за рака во момент кога Симон одлучила да се откаже од Олимписките игри во Токио во 2020 година.
Јавно понижување од сопругот
Голема поддршка и е сопругот за кој се омажи во април минатата година. Четирикатната олимписка шампионка на игрите во Рио во 2016 година, и гимнастичарка која 14 пати беше светска шампионка Симон Бејлс, се венчаше со НФЛ играчот на Хјустон Тексанс Џонатан Овен.
Познатата спортистка носеше невообичаена венчаница со карнери и гол грб, кој преубаво и прилегаше. Младоженецот сјаеше во спортско – елегантно одело и модерни мокасинки.
Овен шокираше многумина, а особено ги налути фановите на Бејлс кога на прашањето како ја освоил Симон Бејлс тој одговори: „Таа ме освои мене“. Додаде дека не ни знаел која е Симон пред нивната врска но дека бројот на нејзини следбеници на инстаграм му покажувал дека Симон е „достојна за внимание“. Многумина сметаат дека таквите негови изјави се крајно непримерни, но Симон не му приговорила околу тоа.
Во канџите на насилникот
Патот до успехот на Симон која се сметала за чудо од дете беше повеќе од тежок. Додека правела чекори кон што подобра кариера и само што се подготвувала за најголемите спортски борби, Симон Бејлс станала жртва на сексуално насилство. Насилникот бил бивш лекар на американската репрезентација Лери Насар. Симон не беше неговата единствена жртва, а оваа сурова тајна долго се чувала под „тепих“. Бејлс и уште три американски гимнастичарки пред повеќе години сведочеа пред правниот комитет на Сенатот за сексуалното насилство кое го доживеале. Бејлс е вистинска инспирација за многумина а особено за оние кои исто така биле жртви на насилство, и нејзините зборови се“ уште се паметат. „И јас сум една од многуте преживеани кои Лари Насар сексуално ги малтретирал. Повеќето од вас ме познаваат како среќна, насмеана и енергична девојка, но во последно време се чувствувам скршено и колку повеќе се обидував да го изгаснам тој глас во главата тој се повеќе се слушаше. Не се плашам да ја раскажам својата приказна. Тешко е да се пренесе целото ова искуство, и додека се подготвувам за Олимписките игри во 2020 година срцето уште повеќе ми се кине, морам постојано да се враќам во салата каде бев малтретирана. Но јас сум единствена, паметна,талентирана, мотивирана и страсна. Си ветив себе си дека мојата животна приказна ќе биде многу поголема од ова и им ветувам на сите дека нема да се откажам. Премногу го сакам овој спорт и никогаш не се откажувам. Нема да дозволам на ниту еден човек и другите кои тоа му го овозможуваат, да ми ја украдат љубовта и радоста“, соопшти Симон пред шест години. Оваа приказна го доби следниот епилог. Бившиот спортски лекар Лери Насар призна дека со години ги малтретирал американските гимнастичарки. Во 2018 година осуден е на затворска казна од 40 до 175 години, осуден е и на казна од 60 години во федералниот затвор поради детска порнографија.За тоа како се криела ваква тајна зборуваше и самата Симон. Покрај пропустите на ФБИ, Симон на судот истакна дека Гимнастичарскиот сојуз и Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД, знаеле дека тимскиот лекар ја малтретирал, многу пред таа да го открие тоа, пренесува БЕТА. Директорот на ФБИ изјави дека многу жали поради задоцнетото процесуирање и казнување на Насар и за болката која тој ја предизвикал на жртвите.
Братот на Симон убил тројца луѓе
Овој шок се случил во 2019 година кога Тевин Томас Бејлс, постариот брат на Симон уби тројца луѓе. „Срцето ме боли поради тоа што сме вмешани во оваа трагедија.Не постои ништо што можам да кажам што може да ја намали болката на засегнатите, но на сите сакам да им изразам искрено сочувство. Ве молам да ја почитувате приватноста на моето семејство додека поминуваме низ овој тежок период“, порача тогаш Симон.