Пред неколку месеци, Ева Лонгорија трајно се пресели од Лос Анџелес во Марбела, Шпанија, со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и нивниот син Сантијаго.

Семејството на актеркат купи луксузна вила на брегот на морето.

Според фотките кои атрактивната Ева ги објавува на социјалните мрежи може да се заклучи дека убавата актерка вистински ужива во животот во Европа и дека многу и одговара побавното темпо на Стариот континент, а папараците ова лето ја наоѓаат како ужива на плажа практично секој ден.

На фотките Ева Лонгорија редовно е во опуштено издание во мало бикини кои има проблем да ги собере нејзините бујни облини.

Иако атрактивната 49-годишна актерка покажа целулит и ситни несовршености, не може да се спори фактот дека изгледа навистина одлично, особено ако се земе предвид фактот дека таа не е уште една во низата познати убавици кои подлегнале на теророт на совршенството.