Познатата холивудска актерка Никол Кидман се појавила на настан организиран од страна на брендот за часовници „Омега“, заедно со својата ќерка Сандеј Роуз, која неверојатно потсетува на својата мајка.
Австралиската актерка (57) изгледала прекрасно во шик бела комбинација која била сочинета од здолниште и горен дел што ја истакнувал нејзината тенка половина, а златните детали го надополниле целиот стајлинг, како и златниот часовник на десната рака.
Освен тоа, Никол, која има и 13-годишна ќерка Фејт Маргарет со сопругот Кит Урбан, го надополнила изгледот со сандали што совршено ѝ прилегале.
Во меѓувреме, Сандеј Роуз (16) се одлучила за елегантна сива комбинација со елек, која исто така ѝ ја нагласил половината. На себе носела сиви панталони со широки ногавици и потпетици во истата боја.
Македонките ја обожаваат комбинацијата на Сандеј Роуз, па често можеме да ги видиме на улица како го носат овој прекрасен ансамбл. Совршено се вклопува во различни пригоди и места, од канцеларија до излегување во град во петок вечер.
Мајката и ќерката се појавиле во добро расположение додека позирале на црвениот килим и задоволно се смешкале.