Помина речиси една година откако холивудската актерка и оскаровка Сандра Булок (59) остана без човекот на својот живот, а таа наводно сè уште се бори да се приспособи на новонастанатата ситуација.
Изминатата година беше многу тешка за една од омилените светски актерки, откако нејзиниот партнер Брајан Рендал почина на 5-ти август 2023 година од компликации по борбата со амиотрофична латерална склероза.
Имаше само 57 години, а овој пар изгради заеднички живот полн со љубов. Брајан се грижеше за посвоените деца на Сандра, Луис (14) и Лејла (11), а ја имаше и ќерката Скајлар Стејтен Рендал (30).
Како што сега вели извор близок до актерката, на Сандра ѝ недостасува човекот кој „одлично раскажуваше приказни и умееше да слуша“.
„Најтешко ѝ е во врска со ситниците, како тоа што Брајан ги подготвуваше децата за училиште и спремаше појадок“, вели анонимен извор за „Closer Weekly“ и додал дека таа се труди да „остане силна“, но не крие дека „тагата е сега дел од нејзиниот живот“.
Кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, наводно повеќе пријатели на Булок ѝ го споменувале тоа на актерката, но инсајдерот истакнува дека таа сè уште не е подготвена на тоа.
„Романсата ќе мора да се случи природно, кога таа не ја бара“, забележале нејзините пријатели.
„Кој и да е, ќе има навистина голем простор да пополни затоа што Брајан беше совршен за неа“, истакнува неименувана личност блиска до оскаровката и објаснува дека Рендал бил љубовта на нејзиниот живот и дека животот без него сè уште не делува исправно.
Наместо да бара ново момче, Сандра наводно се опкружила со добри пријатели кои ѝ се голема поддршка како колешките Џенифер Анистон и Октавија Спенсер.
Сандра Булок и Брајан Рендал се запознале во 2015 година, откако Рендал работел како фотограф на роденденската забава на синот на актерката. Една година подоцна тие почнаа јавно да се појавуваат како пар, а актерката не зборуваше многу за својата врска.