Џенифер Лопез го прослави својот 55-ти роденден во Хемптонс, а од нејзиниот сопруг Бен Афлек немало ни трага ни глас. Роденденот на пејачката е во среда, но таа ја организирала забавата за време на викендот.
На прославата на пејачката имало бројни гости, а ако може да се суди според фотографиите, станувало збор за тематска прослава во стилот на хит серијата „Bridgerton“ на „Netflix“. Така, сè било во знакот на кочии, цвеќиња, елегантни фустани, пуф ракави, тијари, високи ракавици… Меѓу гостите биле и членовите на семејството на Џенифер, нејзината мајка Гвадалупе Родригез, како и Сара Џесика Паркер.
Бен и Џенифер не се видени заедно од 5-ти јуни, а Бен последен пат беше виден во петокот во Калифорнија, каде што престојувал со своите деца. Но, извори открија за „Daily Mail“ дека Лопез се обидува да го спаси бракот и дека разделбата само дополнително ја зајакнала нивната љубов и решителност да не се откажуваат.
„Таа не би поминувала време со неговите деца и би се однесувала како мајка кон нив ако не се обидува да ги поправи работите со него или ако тие не се на вистинскиот пат“, рекол изворот, додавајќи дека децата на Афлек и Лопез прават сè за да им помогнат да го обноват својот брак.