Гимназијалката од Белгра Јована Лепосавиќ (18) која пред четири години ја добила битката со ракот прва допливала до светиот крст во Земун од вкупно 243. пливачи кои се пријавиле на настанот. Сите како вистински џентлмени ја пуштиле таа прва да доплива до светиот крст.
Таа победничкиот говор го посветила на сите пријатели кои се борат со тешката блест, но и на оние кои, за жал, повеќе ги нема.
„Ви благодарам на сите кои учествувавте и кои ми дозволивте прва да стигнам. Овој триумф ми значи многу бидејќи е во чест на моите другари кои се лекуваат од канцер и на оние кои не се повеќе со нас“, изјавила Јована.
Нејзините зборови расплакаа дел од присутните.
Инаку, Јована спортува и е член на женскиот фудбалски клуб „Црвена ѕвезда“.