Животот на српската филмска, телевизиска и театарска актерка Неда Арнериќ често бил изложен пред очите на јавноста, а најмногу интригирал нејзиниот љубовен статус, особено по експлицитните сцени.
Сите добро се сеќаваат на експлицитната сцена во остварувањето „Haloa – praznik ku*vi“.
Нејзиното убаво лице и грациозно тело натерале многумина да се заљубат во неа. Ја гледале гола во впечатливи сцени на интимни односи во големите филмови на југословенската кинематографија. Сепак, малку е познато дека секс сцените ги снимила како девица, без никакво искуство или знаење како се води љубов.
„Немав поим за сексуалноста и играв нешто што не сум го доживеала. Научив многу рано дека снимањето филмови е работа која во договор со родителите треба сериозно да се заврши. Во сценариото на пример пишуваше: тие се будат наутро и по водењето љубов почнуваат да разговараат. А, јас во тоа време не знаев како се води љубов. Тоа беше дел од мојот занает, а јас се сметам за добра во тој занает“, објаснила тогаш актерката во текст на кој тогашните уредници му дале наслов: „Снимав секс-сцени додека бев девица“.
Веќе со првиот филм „San“ од 1996 година, Неда станала вистинска ѕвезда на тогашната Југославија.
Една од најзабележителните улоги во кариерата на Неда се улогите во филмовите „Višnja na Tašmajdanu“, „Užička republika“, „Sutjeska“, „Varljivo leto ’68“, „Исправи се Делфина“ и многу други.
Се отпишала од Академијата
Кариерата како актерка ја започнала многу рано. Кога имала 10 години почнала да учи глума кај познатиот белградски режисер Бата Миладиновиќ.
Воедно, била и членка на детската драмска група на Радио-телевизија Белград. Паралелно посетувала и часови по балет, а нејзиниот талент го видел режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ на само 13-годишна возраст, доделувајќи ѝ ја улогата во филмот „San“, за децата чии сништа ги срушила Втората светска војна.
По таа улога била прогласена за најубавата жена во Југословенската кинематографија и ѝ бил отворен патот до славата.
Депресија
Неда тешко ја поднела смртта на третиот сопруг Милорад Нешковиќ. Кога тој ја загубил битката со болеста и засекогаш ја напуштил Неда, уметницата тешко ја поднела својата најголема загуба досега.
Се борела со депресијата, сè додека по вечната разделба од сопругот, на 27 февруари, нејзиниот брат не ја пронашол како онесвестена лежи на подот во нејзиниот стан.
Била на работ на смртта поради прекумерна доза со лекови за смирување во комбинација со лекови за хипертензија, а докторите инсистирале нејзиниот организам потполно да се исчисти.
Смрт
Таа починала на 10 јануари 2020 година во својот стан. Нејзиното тело го пронашол нејзиниот брат на трпезариската маса, бидејќи актерката не се јавувала на телефон.
Погребана е во Алејата на заслужните граѓани на Ново гробље.