Познатата актерка почина на 53-годишна возраст, потврдија нејзините роднини.
Шенон Доерти почина вчера по долга борба со ракот, пренесува People.
„Со тешко срце потврдувам дека актерката Шенон Доерти почина. Во саботата на 13 јули ја загуби битката со ракот по долги години борба“, потврди нејзината долгогодишна колешка Лесли Слоун и додаде:
„Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со своите најблиски, како и со нејзиното куче Буви. „Семејството ја бара нивната приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, продолжи Слоун.
Шенон стана популарна во сериите „Беверли Хилс“ и „Кари“, а за прв пат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Иако првите резултати беа охрабрувачки, болеста се врати во 2017 година и потоа се прошири. Таа покажа храброст и се бореше до крај и покрај лошите прогнози.