Според извештаите, еден од снајперските парови бил лоциран на покривот на блиската зграда.
Додека атентаторот испука три брзи истрели кон Трамп, од кои едниот го погоди во уво поранешниот американски претседател додека тој им се обраќаше на своите поддржувачи на собирот во Батлер, Пенсилванија, снајперистите на Тајната служба веднаш реагираа и, како што се вели, „ја елиминираа заканата“. Агентите на тајната служба на сцената скокнаа врз Трамп и го заштитија со своите тела.
Набрзо бил евакуиран од местото на настанот и пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.
Покрај атентаторот, според Тајната служба, атентаторот во публиката убил уште едно лице, а двајца се тешко ранети.