Американецот Мајкл Пакард се најде во центарот на вниманието на светските медиуми во 2021 година, кога заврши во устата на огромен грбав кит.
Нуркачот, кој собирал јастози повеќе од четири децении имал неверојатна среќа да остане жив, а своето застрашувачко искуство го раскажал во детали.
Сè се случило на почетокот на јуни во близина на брегот на Провинтаун, каде Пакард нуркал. Во еден момент се нашол во целосен мрак, пренесува Унилад.
„Грбавиот кит се обиде да ме изеде. Се најдов во неговата уста полна со вода. Беше целосна темнина. Отпрвин мислев дека е ајкула, но не ги почувствував забите и просторот беше многу поголем. Неговите мускули почнаа да ме стегаат, не можев да се движам“.
Очигледно китот се „прикрал“ зад него и случајно го проголтал додека барал ракови и планктон. За среќа, не испливал далеку кога решил да го исплука својот неочекуван плен.
„Бев во неговата уста 30-40 секунди. Чувствував како ги движи главата и јазикот. Ме исфрли надвор, во близина на мојот брод. Немав сериозни повреди, само модринки и изместено колено“.
Пакард признава дека мислел дека ќе умре.
„Знаев дека тоа е огромно суштество и дека нема да можам да излезам. Си помислив: „Вака ќе умреш. Во устата на китот’. Ќе живеам додека има воздух“.
Кога грбавиот кит го исфрлил од устата, искусниот нуркач останал да лебди на површината на водата.
„Ја видов неговата опашка. Тој се врати во длабочината, а јас си помислив: „Боже, преживеав“.
Откако неговата приказна повторно беше актуелна, корисниците на социјалните мрежи ја проследија со бројни коментари.
„Беше ужасно. Најлошиот оброк што некогаш сум го имал, објасни китот“, напишала една личност.
„Каква приказна и начин подобро да го запознаете морскиот свет“, додаде друг.