Ема Ворло (23), имала само 13 години кога дознала дека е бремена. Одлучила да го задржи бебето и веќе на 14 годишна возраст станала мајка тинејџерка.
„Не планирав да станам мајка на 14 години, но не можев да се откажам од своето дете“, објаснила во видеото кое осамнало на социјалните мрежи.
Осудите од околината
Одлуката да стане мајка во време кога и самата практично била дете, наишла на бројни осуди во нејзината околина. Синооката убавица признава дека сите ја советувале да абортира, бидејќи била премлада да роди дете на само 14 години – но таа категорично одбила.
Како што пишува „The Sun“, на почетокот Ема се срамела со тоа што родила дете, но потоа во неа се разбудил инаетот и одлучила да им докаже на сите оние кои ја осудувале дека погрешиле.
„Ми се случи најдобрата работа којашто можеше да ми се случи. Подобро да се грижам за бебе, отколку да се опивам и дрогирам на таа возраст и засекогаш да го уништам својот живот. Негативните коментари, меѓу кои имаше и некои навистина „одвратни“, не ми пречат, тоа значи дека не ме познавате“, порачала Ема.
Во меѓувреме, таа родила и син неколку години подоцна.
„Јас сум добра мајка, можев да поминам многу полошо со дрога и алкохол како моите врсници. Докажав дека сите кои ме осудуваа грешат, напишала Ема на мрежите во описот на фотографиите од раѓањето на нејзината прва ќерка во 2015 година.
На фотографијата таа е во болница пред самото породување, а покрај неа е нејзината мајка која веројатно ѝ била најголемата поддршка во одгледувањето на децата. Но за жал, таа починала и Ема оваа болка ја споделила на социјалните мрежи.
Потоа ја споделила фотографија со својата преубава ќерка заедно со порака:
„Погледнете ме сега! Луѓето ќе ве осудуваат, но јас на сите им докажав дека грешат“, порачала Ема.
Ова нејзино видео станало вирално со 2,7 милиони прегледи на „TikTok“ и предизвикал бројни коментари.
„Сè додека се грижиш за своето бебе и ја сакате, во моите очи ништо друго на светот не е важно“, „Нема ништо лошо во тоа да се биде млада мајка“, „Не осудувам, само велам дека тоа не е баш легално“, „Останав трудна на 15 години, родив дете на 16, па точно знам низ што поминуваш“.
Сè повеќе бремени тинејџерки
Тинејџерската бременост е во пораст во Велика Британија, иако законот е доста строг. Имено, пред англиските закони, лицето на 16 години стекнува само делумно право да одлучува само за себе.
Децата под 13 години се сметаат за премногу млади како би можеле слободно да носат одлуки за стапување во интимни односи, и затоа секоја сексуална активност со лице под 13-годишна возраст се смета за нелегална, силување, сексуална злоупотреба или напад, дури и ако до сексуалниот однос дошло споразумно.
Сепак, малку е веројатно дека децата на возраст од 13-15 години ќе бидат кривично гонети сè додека не постои голема разлика во возраста меѓу партнерите и интимниот однос бил консензуален.