Младата тајландско-француска инфлуенсерка ЏастКет ја посети Венеција и решила да ги израдува своите следбеници со интересни видеа.
Купила традиционален италијански сендвич, се сместила покрај водата и ја подготвила камерата за стриминг. Сепак, не била подготвена за тоа што требаше да се случи.
Штом го покажала сендвичот пред објективот на камерата, по неа „потрчале“ пет-шест агресивни галеби.
Девојката врескала и ја фрлала храната од страв, а грабливите птици не губеле време, пишува Дејли Стар.
На видеото се гледа како тие ја опколиле својата жртва и не ѝ давале шанса да избега. Еден од минувачите ѝ пришол на инфлуенсерката и ѝ дал едноставен совет: „Не јадете надвор.
Видеото брзо стана вирално, а корисниците оставија бројни коментари.
„Почетничка грешка. Никогаш не јадете надвор додека сте во Венеција“, напишал еден од нив.
„Галебите се гадни, но апсолутно смешни“, додаде друг.