Чешкиот супермодел Паулина Поризкова (59) им пркоси на „хејтерите“ со објави на социјалните мрежи.
Откако престана да се занимава со манекенство, Паулина стана поборник за здраво стареење и прифаќање на промените на лицето и телото. Не се плаши да оди против општествените норми.
Горда на брчки и лузни
Паулина ја започна својата манекенска кариера на 15 години, а се има појавено на бројни страници на влијателни модни списанија. Сега таа се залага за природна убавина и ги охрабрува жените да го прифатат стареењето. Таа верува дека брчките на лицето имаат приказна.
По операцијата на колкот на која беше подложена пред неколку месеци, Паулина гордо ги покажа лузните.
„Знам дека лузните ќе станат дел од мене. Тие ќе бидат потсетници за старите болки и нови победи. Ќе се придружат на сите други „натписи“ на моето тело и ум – и видливи и невидливи – тоа на крајот ќе биде лепакот што ме врзува, мрежа од скршеници што зараснаа посилно и како и сите други лузни однадвор и одвнатре, ќе бидам горда на нив“, напиша таа покрај фотографиите.