Киану Ривс и неговата девојка Александра Грант го украдоа шоуто на трката со мотоцикли.
Актерот (59) и визуелната уметничка (54) се појавија на MotoGP Liqui Moly Motorrad Grand Prix во Германија и не ја криеја љубовта држејќи се за раце. Тие со насмевка позираа пред фотографите, а добија и шанса да го одбележат стартот на трката. Киану, голем обожавател на мотоцикли, основаше своја сопствена компанија за мотоцикли, ARCH Motorcycle, во 2011 година.
Актерот со години ја носи титулата „најголемиот холивудски доброчинител“, што не е чудно со оглед на тоа што голем дел од заработката ја донира во добротворни цели, им помага на луѓето на кои им е потребна, а е исклучително љубезен и трпелив со своите многубројни обожаватели.
Александра е уметничка и филантроп од Лос Анџелес која изложувала низ целиот свет. Родена во Охајо, таа е уметник откако дипломирала на колеџот Свартмор во 1994 година. Живеела во Мексико, Шпанија и Франција, а нејзините дела биле изложени во Музејот на уметноста на округот Лос Анџелес (LACMA), париската галерија Градиви и галеријата Харис Либерман во Њујорк.
Грант и Ривс ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но кога се појавуваат, со задоволство позираат на црвениот тепих. Двајцата се блиски по возраст и соработуваа на книгата Ода на среќата од 2011 година, напишана од Ривс и илустрирана од Грант.
Со текот на годините нивното пријателство се претворило во романса, но не сакаат јавно да зборуваат за својата љубов. Еднаш Грант беше прашана како е да се биде во врска со некој толку познат како Киану и дали е потешко да се оди на црвениот тепих со или без него.
“Добрата работа во заљубувањето како возрасен е тоа што градиш своја кариера пред да започне врската. Така и беше. Се чувствувам многу самоуверено во мојата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот тепих и во пар и сама“, изјави таа за списанието People. Вели дека се голема мотивација еден за друг.