Сопругата на Саше Политико, Марина Лазаревска Ивановска во писмена изјава вели дека никогаш не би започнала насилна расправија со нејзниот сопруг.
-Никогаш не би ми паднало на памет да започнам насилна расправија со мојот сопруг кој е со поголема физичка сила од мене и со импулсивен карактер, камоли прва да посегнам по нож за да го нападнам. Во периодот околу 23 часот 17.01 со возило на итната медицинска помош бев пренесена на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија,ортопедски болести, анестезија, реанимација,интензивно лекување и ургентен центар и бев задржана неколку часа за извршување испитувања при што го напуштив КАРИЛ нешто пред 2 часот 18.01. Тоа е се што ќе изјавам не би додавала дополнителен сензационализам поради сензибилноста на настанот. Информациите за мојата здравствена состојба поткрепени со извешатаи од специјалисти и извршена визуелизација на моето лице и тело од страна на испекторите на МВР може да ги проследите од соодветните институции. Самите проценете ја вистинитоста на неговите искази. Верувам во органите на правната држава – вели Лазаревска Ивановска.
Инаку, сопственикот на интернет портал, Саше Политико и неговата Марина Лазаревска Ивановска меѓусебно се пријавиле за семејно насилство кое се случило средата во вечерните часови.
Првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот С.И. кој кажал дека сопругата го нападнала со нож, неколку часа подоцна се јавила и неговата сопруга која го пријавила С.И. дека физички ја нападнал употребувајќи нож.