“Никогаш нема да ѝ простам“: Поради Џулија Робертс тој ја оставил сопругата (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската актерка Џулија Робертс денес слави 22 години брак со камерманот и директор на фотографија Даниел Модер, а нивната приказна одамна е добро позната.

Тие се запознале во далечната 2001 година, на снимањето на филмот „The Mexican“ и додека сите се прашувале дали ќе се развијат страсти меѓу Бред Пит и неа, Модер ѝ го привлекол вниманието.

„Кога го видов за првпат почувствував земјотрес. Не можев да престанам да мислам на него“, признала Џулија години подоцна.

Сепак, постоел проблем – Даниел во тоа време бил во брак.

Наводно, во тие денови, на врската на Џулија со згодниот Бенџамин Брет ѝ се наѕирал крајот, а Модер бил оженет со шминкерката Вера Стајмберг, на која ѝ го кажал судбоносното „да“ во 1997 година.

Наскоро камерманот се разделил од сопругата и официјално се развел во 2002 година, а Џулија и тој почнаа да се појавуваат заедно како пар. Оваа вест беше светска сензација, а актерката беше опишана како „растурачка на бракови“. Сè беше уште потешко бидејќи медиумите ја опседнаа и поранешната сопруга на Модер, која не се двоумеше отворено да зборува за колапсот на нејзиниот брак.

„Никогаш нема да можам да ѝ простам на Џулија – таа е крадец на сопрузи“, изјавила Вера за британскиот „The Sun“.

Била убедена дека сопругот ја изневерил и ја оставил поради врска за која Стајмберг сметала дека ќе биде краткотрајна.

„Сигурно нема да трае. За една година таа ќе почне да бара нов сопруг… Дени има поглед кој лута… И тој нема да се промени“, верувала тогаш Вера.

Меѓутоа, повеќе од две децении подоцна, се покажа дека таа не била во право, а за неа следел тежок период.

Како што раскажувале соседите, Даниел ја оставил со две хипотеки, еден куп сметки и нивните кучиња, а еден сосед открил за „NY Post“ дека разводот бил шок за неа.

„Вера не знаеше што се случува. Кога тој замина, тоа беше целосно изненадување за неа“, открил соседот и додал дека Модер се отселил една година пред разводот.

Шминкерката која соработувала со големи ѕвезди и на сетови на познати филмови, останала сама во скромниот дом кој го делеле во Лос Анџелес и го продолжила животот работејќи напорно во Холивуд.

Која е Вера Стајмберг?

Познатата шминкерка, поранешна сопруга на сопругот на Џулија Робертс, е родена во Буенос Аирес, а нејзиното семејство потоа се преселило во Америка, каде што пораснала и го завршила своето образование.

Како млада започнала да се занимава со шминкање, а набрзо добила можност да соработува и со познати личности, па освен што ги дотерувала за црвениот тепих, во својата биографија има и работа на голем број филмови како „The Nutty Professor“, „Planet of the Apes“, „Amsterdam“, „Guardians of the Galaxy“…

Нејзиното богатство, наводно, денес се проценува на 1 милион долари.

останати вести