Објектот каде што порано беше Бриколаж во скопската општина Гази Баба, сопственост на Скопски пазар, е продаден за 9,5 милиони евра на маркети Лидл.
Вредноста на оваа зделка е 9.564.485 евра без вклучен ДДВ (или 588.911.166 денари без ДДВ).
-Цената соодветставува со пазарната вредност на таков тип на зделки, се вели во објавата од Скопски пазар, и се нагласува дека страни во зделката се Скопски пазар и Лидл Северна Македонија.
“Лидл“ во јануари годинава започна со изградба на логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона Речица, во близина на Куманово, кој треба да отвори нови 150 работни места, додека, пак, продавниците на „Лидл“ во Македонија треба да започнат со работа во 2025 година.
Германскиот гигант „Лидл“ е застапен во 30 земји во светот со 12.000 маркети и со 360.000 вработени.