Жена уби тригодишно дете на паркинг пред очите на неговата мајка

by Тони Зографски

Тригодишно момче починало како последица на повредите што му ги нанела жена на паркинг во продавница во американската сојузна држава Охајо, соопшти денеска локалната полиција, наведувајќи дека се работи за „случаен напад“.

Момчето и неговата мајка се враќале во својот автомобил откако пазареле во самопослуга во понеделникот, кога една жена ги нападнала со нож, повредувајќи ги двајцата, додаде полицијата.

Момчето подоцна починало во болница, објави „АП“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com