Расте бројот на загинати во рускиот напад на супермаркет во вториот по големина украински град Харков во истоимениот регион, каде руските сили на почетокот на овој месец започнаа сега делумно ограничена офанзива во која постигнаа значителен напредок.
Засега црната бројка застана на 16 жртви, меѓу кои и 12-годишно девојче.
„За жал, веќе има 16 загинати. Податоците се ажурираат“, изјавил Олег Сињехубов, шеф на воената управа на регионот Харков, а пренесува „Украинска правда“.
Од полицијата известија дека резултатите од ДНК анализата ќе бидат клучни за идентификацијата на осумтемина граѓани. Како што јавува Би-Би-Си, повеќе од 43 лица се повредени, а руските сили го нападнале тој северен град со застрашувачки „лизгачки“ бомби, како што соопштија официјални лица.
По експлозијата, голем пожар избувнал во супермаркетот „Епицентар К“ на северната периферија на градот, каде се продавала покуќнина.
На видеото од внатрешноста на супермаркетот од надзорната камера, кое на мрежата „Х“ го објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, може да се видат продавачите и клиентите во нивните вообичаени активности кога ненадејна катаклизма се појавува и видеото е прекинато.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во моментот на нападот во супермаркетот имало можеби 200 луѓе.
A video appeared showing the Russian strike on a construction supermarket in Kharkiv from inside the building.
Beyond horrible. https://t.co/JePgmwejkm pic.twitter.com/MBJ5VdrRrz
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 26, 2024