Откако и даде отказ на својата лична телохранителка, за сигурноста на Меган Меркл проговори Кен Варф кој дури осум години ја чуваше принцезата Дајана.
“ Обезбедувањето на Меган Маркл е многу тешка задача. Знам со сигурност дека најголем проблем за осигурувањето е нејзиното дисфункционално семејство. Осигурувањето треба да биде на “штрек“ за време на нејзините официјални патувања бидејќи членови на нејзиното семејство би можеле да се појават со телевизиски екипа за да ја снимаат средба или да испровоцираат можен конфликт“.
Исто така бившиот телохранител на принцезата Дајана е загрижен поради одлуката кралското семејство да се пресели во Виндзор:
“ Во толку отворен простор како што е опкружувањето на Виндор заштитата на кралското семејство е многу потешка“, објасни Кен Варф.