Членови на Републичката Комисија за исчезнати бебиња во замрзнувач во Општата болница во Краљево пронашле 13 мртви новороденчиња.
Заменик директорот на таа здравствена установа, Драган Калјевиќ за „Танјуг“, појасни дека станув збор за мртвородени бебиња кои се уште не се погребани.
„Тие се мртвородени бебиња кои уште не се погребани, затоа што нема каде да ги закопаме. Ништо не е пронајдено, затоа што ние тоа не го ни криевме. Тие бебиња се наоѓаат на патологија како наложуваат сите прописи“, истакна Калјевиќ.