Ракометната репрезентација на Македонија со поразот од Исланд од 22-24 не се пласира во главната фаза од Светското првенство во Германија, меѓу најдобрите 12 селекции во светот. Македонските ракометари во Келн ќе разигруваат за пласман од 13 до 16 место во “Президент купот“ што ќе се одигра во сабота и недела. Противник на Македонија ќе и биде репрезентацијата на Русија.
По одличното прво полвреме кое го добивме со 12-10 избраниците на Раул Гонзалес во вториот дел дури девет мминути не постигнаа погодок во вториот дел, што го искористија Исланѓаните и умешно ја чуваа предноста.
Манасков и Лазаров со по пет погодоци беа први стрелеци во нашиот тим, додека еден помалку даде Талески.
Македонија ја завршува групната фаза на четвртото место, со две победи над Бахреин и Јапонија, како и три порази од Шпанија, Хрватска и Исланд.