Шерил Тарнер (19) од Луизијана почина откако беше распарчена од маж кој го запознала на социјалните мрежи каде се запознале и започнале романса преку СМС пораки.
Сега, семејството сака да му даде достоинствен погреб на членот на своето семејство, поради што нејзината сестра започнала онлајн кампања за собирање средства за убиениот близнак.
„Дел од мене ми беше одземен поради тоа што го направи тоа чудовиште“, изјавила сестрата близначка Шерил Тарнер, пренесуваат американските медиуми.
Шерил го запознала Ентони Пирс Холанд (29) во декември минатата година на мрежите и сакала нивната љубов да „оживее“ во живо. Немала поим дека кога отишла да запознае дечко, всушност оди директно во смрт!
На 3 јануари родителите пријавиле дека исчезнала нивната ќерка, која била пронајдена три недели подоцна.
Инспекторите сè уште немаат детали што точно се случило на местото на злосторството, но соопштението за печатот јасно покажува дека на 24 јануари, горниот дел од телото бил извлечен од реката Уачита, додека главата, рацете и нозете се уште се водат за исчезнати.
На местото на злосторството бил пронајден и примерок од ДНК, кој истражителите ги довел до Шерил Тарнер, а кога се поврзале со телефонот на жртвата го откриле и името на убиецот.
Набргу по апсењето, Ентони признал дека ја убил и распарчил 19-годишната Шерил, а во куќата на убиецот биле пронајдени докази за насилно злосторство.
Ентони Пирс Холанд сега е во поправниот центар Оачита и чека судење за убиство. Тој, исто така, потенцијално се соочува со смртна казна во Луизијана.