Бегате далеку штом некој кивне? Ги миете рацете секој пат откако се фативте за кваката на врата? Ве фаќа паника кога помислите на сезоната на грип? Ви донесуваме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат оваа зима да останете здрави.
Мијте ги рацете веднаш штом се ракувате со некој. Но, не запирајте тука. Рацете мора да ги перете темелно и чисто. Оваа едноставна работа е доволна за да ве сочува од вирусите кои се околу нас. Обидете се да не ги допирате носот и очите често.
Наспијте се. Обидете се во кревет да одите во исто време, многу е важно да отспиете седум-осум час во текот а ноќта. Ако сте преморени, телото тешко се брани од вируси кои го „напаѓаат“ .
Хранете се здраво. Дури иако не сте љубител јадете повеќе овојшје и зеленчук. Со тоа, не би било лошо и да вежбате. Имено, редовна физичка активност го зајакнува имунитетот.
Ако пушите обидете се да го намалите бројот на цигари во текот на денот.
Избегнувајте ги лицата кои се болни. Иако ова е сосема логично, често се придржуваме кога станува збор за странци или колеги, но како да заборавиме на тоа кога е болен некој наш пријател или член на семејството.
Ако користите влажни марамици, изберете ги оние со алкохол. Можеби ќе ви ја исушат малку кожата, но се поефикасни од обичните. Освен тоа, повремено употребувајте ги да ја избришете торбата, мобилниот, и работите кои често ги допирате.