„Навистина ми е неразбирлива таа ладнокрвност при изнесување и опишување на тие детали, а тоа треба да го загрижува целото општество и сите нас. Ниту една трошка емпатија не покажаа, детето го третирале како објект. Тие, верувајте, така го опишуваат настанот што сите сме апсолутно згрозени. Особено тој чин кога виделе дека детето е живо и кога го направиле тоа“, рече полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ, утрово на телевизија „Блиц“.
Откако осомничените го удриле девојчето со автомобил „фиат панда“ со брзина од 20 км/ч, не му помогнале, туку брутално го фрлиле детето на задното седиште полно со алат. Кога девојчето се разбудило во автомобилот, сопатникот ја убил, а телото потоа било однесено на депонија.
Работата да биде уште полоша, патникот истиот ден на покана на неговиот директор учествувал во потрагата на теренот по девојчето.
– Тоа се луѓе кои немаат криминално минато, немаат ни прекршоци. Живеат, се разбира, скромно, па сега нема да ги опишам деталите – вели мајорот Отовиќ Пјановиќ.
Зборувајќи за психолошкиот профил на осомничените, вели дека тие во ниту еден момент не покажале емпатија.
-Верувајте ми, тие го опишуваат настанот на таков начин што сите сме апсолутно згрозени. Го опишуваат како нешто што е сосема нормално – изјави таа.
Како што објасни Отовиќ Пјановиќ, станува збор за луѓе кои потекнуваат од сиромашно семејство, живеат со своите родители, немаат досие и не се истакнале на ниту еден начин.
– Несфатливо ми е еден од нив да нема малку совест да каже – еј, стоп. Патолошко е да се ставите себеси пред животот на детето – вели Бојана Отовиќ Пјановиќ.