Гоце Георгиевски по вторпат стана татко. Македонскиот ракометар пред еден час ја сподели убавата вест со фановите на социјалните мрежи.
– Уште еден посебен ден за мене измешан со многу чувства и емоции. Ти благодарам Симона Георгиевска што овој ден го направи посебен за нас. Да ни е жива и здрава ќерката – напиша тој на „Фејсбук“.
Гоце и Симона имаат и син.