Фронтеменот на “Меморија“ Петар Георгиевски – Камиказа на својот Фејсбук профил, со своја приказна објасни како се занимавал со карата, па со џудо, а станал и борач коj требало до се бори со “големиот“ Шабан Сејдиу.
“Не би бил комплетен спортист доколку не пробав во тоа време и ова. Во Партизан 4 почнав да посетувам часови по карате и ја положив првата ката за жолт појас (heian shodan) и ова ми изгледаше малку одоколу за да се стигне до целта (борба). Во каратето требаше да бидеш истраен и да поминеш многу време без директен контакт. По карате часовите почнуваа џудо часовите и тоа ми изгледаше многу попривлечно бидејќи веднаш имаше контакт со противникот. Ќе беше непријатно да прејдам во истиот клуб со сменет спорт (џудо) па така отидов во Партизан 3 во парк и таму почнав да тренирам во џудо клубот Вардар, каде тренери беа Зивици. По неколку месеци успешно совладани падови, префрлања итд во Партизан 3 се формираше нов боречки клуб – Работнички кој беше предводен од тренерот на Лирија – Ментас. Разговарјки со мојот тренер бараше некој во категорија до 68 кг да го позајми од џудо клубот за такмичење кое ќе се деси за три месеца. Види среќа, повторно јас! Во исто време ни се придружи и Зоки-Куре кој беше една категорија подолу, а ми беше школски другар од Карев. Заедно уште со неколку членови се формираше екипата на Боречки Клуб “Работнички”. По размените со разни колеги борачи (чипе, сарма) тоа се зафати во борењето дојде и денот на такмичење што се одржуваше во Чаир, во Партизан 4 М.М.Брицо.
На неколку дена пред такмичење на мерење бев 69 кг што тренерот Ментас брзо го спушти под 68 со исхрана и напитоци. На денот на мерењето 67 кг и натпреварот може да почне. Борбите беа елиминациони, секој што ќе добие се бори со победникот од претходната. И така до финале. Ова што следи е за неверување, бидејки сите елиминиациони први борби ги добив со туш, онака, селски за врат и со иста финта. 🙂
Види ти чудо, јас у финале. Противник светскиот првак Шабан Сејдиу. Ментас му беше и на него тренер. Излегува Ментас и од моја страна фрла бел пешкир, што значеше дека ја предавам борбата. Јас му викам: кога ќе имам друг пат шанса да се борам со светски првак? Он ми вика, остај тоа овој ќе те повреди! Ова што го направи ти е ептен повеќе од доста! Налутено отидов во соблекувална и кога се соблеков целото тело ми беше со црвенила и модрици. Во борбите што траеја во тие 4-5 часа под дејство на адреналинот не ја чуствував болката која поцна да се појавува понатаму во денот. Во себе си реков, мозеби Ментас има право, ама остана прашалникот колку време ќе остнав на нозе со светскиот првак Шабан.
Следното сабајле се туширав дома и се осеќав како да ме згазил трамвај. Секоја коска и секој мускул ме болеше. Татко ми случајно влегувајќи во купатило по четка за заби, го виде моето модро тело и со збунетос ме праша: Што си направил? Му викам: ништо, бев на такмичење во борење. Он вика: уште тоа ти фалеше. Кој ти е тренер таму? Му викам: Ментас. А, тој е од Лирија, наставникот по физичко. Добро?! По неколку дена се појавив на тренинг и Ментас ми објасни дека татко ми направил да го примат за редовен наставник во школото Лирија, но под услов да прекинам да тренирам борење. Малку лут со ранецот полека пешки се вратив до дома, и по пат сфатив дека татко ми беше во право.
А, да, ќе заборавев да ви кажам дека тренирав и бокс, но тоа траеше само 2-3 недели во бокс клуб Скопје. Кога види ти, во серијата “Трст виа Скопје“ точно овие 2-3 недели направија да изгледам како прав боксер. За чуденје, тогашниот тренер, имењакот Перо ми вика, батали глума, имаш одлично движење со нозе и раце, дојди да тренираш бокс. Се насмеав но никогаш не продолжив со боксот, останав глумец“.
(Превземено од Фејсбук)