Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ по пет години ја заврши соработката со Горан Иванишевиќ.
Иванишевиќ беше дел од тимот на Новак во периодот кога првпат почна да ја дели таа улога со Маријана Вајда, а последниве години таа работа ја работи самостојно.
Тој беше со српскиот играч низ период на искачување и поставување рекорди по бројот на Грен слемови и Мастерси, а сега следуваше пауза.
Новак неделава тренираше во Белград, на теренот во Кошутњак го немаше Иванишевиќ, кој сите претходни години беше „сенка“ на српскиот тенисер.
Во сличен период од годината, Ѓоковиќ направи сличен потег во 2018 година, кога го врати Маријан Вајда и ја прекина соработката со претходниот тим. После тоа, неговото враќање на успехот започна по двегодишна криза.
Во кариерата Иванишевиќ соработуваше и со Марин Чилиќ, Томас Бердих и Милош Раониќ. Сега се очекува Ѓоковиќ да именува нов тренер.
Следниот турнир на Србинот ќе биде Мастерсот во Монте Карло кој почнува 7. април.