По кратко боледување во болницата во Земун, на 69-годишна возраст почина познатата српска авангардна уметничка и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ.
Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3-ти октомври 1955 година и важеше за вистинска икона на новиот бран од осумдесеттите во некогашна Југославија.
Првиот соло настап го имаше на фестивалот „Студенско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што ја освои Гран-при наградата.
Заедно со Дадо Топиќ, во 1996 година ја снимија антологиската „Принцеза“, песна која е една од оние кои ја одбележаа нејзината богата музичка кариера.
На површината на југословенската поп-рок сцена излезе во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имаше првиот голем настап на Концертот кај Хајдучка чешма, каде настапуваше пред групата Бијело Дугме.
Инаку, Слаѓана Милошевиќ пред неколку месеци беше итно хоспитализирана поради лошата здравствена состојба.
„Од напуштањето на болницата и лекувањето кое со кратки прекини траеше две години, моето здравје е сè уште загрозено, но ако ништо друго, се чувствувам послободно сега кога сум лишена од лошиот третман. Не припаѓам на луѓе кои бараат повеќе отколку што им припаѓа, но во нашата земја постои видлив проблем на поделба на пожелни и непожелни. Треба да се вложи многу напор во процесот на урбанизам, кој е сè поприсутен, бидејќи сите сме граѓани на оваа држава. За време на болничкото лекување почувствував голема омраза од персоналот поради моето белградско потекло. За жал, не сум единствена која доживеал грубост, неетичност и недостаток на емпатија. Се чини дека етиката и моралот се сосема безначајни во медицинскиот образовен систем“, рекла Слаѓана, откривајќи ја природата на нејзината болест.
„Болеста го носи називот Сјогренов синдром. Нејзината симптоматологија и метод на лекување сè уште се непознати за многу лекари. Често се отфрла како поедноставено имунолошко нарушување, а таа е, всушност, смртоносна. За жал, болеста е многу тешка, со бројни имунолошки промени. Ги напаѓа сите телесни системи. Единствено кинеската традиционална медицина може да помогне, бидејќи од раните денови го третира човекот како единствена целина. Во западната медицина таков пристап има само психосоматиката. Човекот е единство на телото и психата и само така може да се лекува.“