Неколку лекари ја потврдиле теоријата за тоа дека чоколадата подобро помага во отстранувањето на проблемите со дишењето и проблемите со кашлањето отколку сирупот.
Докторот за кардиоваскуларни и респираторни болести Алин Морис, зборувал за „Сан“ и објаснил зошто тој верува во теоријата со чоколадата.
Тој вели дека спровел истражување во кое учесниците почувствувале значајна разлика во дишењето и намалувањето на интензитетот на кашлањето, откако јаделе чоколада неколку денa по ред.
Меѓутоа, ова не е првпат да се зборува за чоколадата како за лек. Пред неколку години на еден лондонски универзитет откриле дека какаото има поголемо влијание на лекувањето на кашлицата отколку сирупите.
– Постојат две причини зошто чоколадата може да ги намали тегобите во грлото. Првата можност е фактот дека чоколадата, како и медот, формира заштитен слој во грлото, па тоа на тој начин помалку иритира и предизвикува помалку кашлање.
Втората теорија е дека чоколадата содржи состојка која се нарекува теобромин, а која ја запира кашлицата – рекол Морис.
Во заклучокот на истражувањето се наведува дека чоколадата ги смирува завршетоците на нервите кои го иритираат грлото и предизвикуваат кашлица и дека затоа треба да се консумира кај воспаление на грлото или изиритираноста.