Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме почина на 64-годишна возраст во Минхен, јавуваат локалните медиуми.
Според информациите, тој починал од срцев удар.
Бреме беше член на генерацијата која на Германија и го донесе Светското првенство во Италија во 1990 година, а тој постигна гол од белата точка за победа во финалето во Рим со 1-0 против Аргентина на Марадона.
За германската репрезентација одигра 86 натпревари и постигна осум гола.
„ФК Баерн е шокиран од ненадејната смрт на Андреас Бреме. Засекогаш ќе го чуваме Бреме во нашите срца како светски шампион, а уште повеќе како многу посебна личност. Тој секогаш ќе биде дел од семејството на ФК Баерн. Почивај во мир драг Анди“, стои во соопштението на Баерн на официјалниот сајт.
Бреме најголемиот дел од својата клупска кариера го мина во Интер (1988-1992), а покрај во Баерн, каде беше од 1986 до 1988 година, беше член и на Менац Сарбрикен и Кајзерслаутерн, како и на шпанска Сарагоса.
Во својата кратка тренерска кариера од клупата ги водеше клубовите од својата татковина – Кајзерслаутерн (2000-2002) и Унтерхахинг (2004-2005).