Прв пораз на Македонија во третото коло на Светското првенство што се игра во Данска и Германија. Како по традиција, репрезентацијата на Хрватска беше недостижна и не совлада со 31:22. Јунак на натпреварот беше голманот на „коцкестите“ Шего, кој имаше 12 одбрани и тоа во клучните моменти, со што едноставно ги откажа нашите ракометари кои попусто се обидуваа да го совладаат. Ако на ова се додадат и бројните технички грешки, тогаш се добива конечната слика зошто и како го загубивме овој натпревар.
Дејан Манасков со шест погодоци беше прв стрелец во нашите редови, на другата страна Дувњак со исто толку голови го предводеше својот тим, па затоа и заврши како МВП на натпреварот.
Утре е слободен ден, Македонија во среда ќе ги одмери силите со Шпанија.