Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович се бори за живот откако со нож беше нападнат на бина за време на добротворен собир пред илјадници гледачи.
Додека се одржувал најголемиот хуманитарен настан во Полска, непознат маж се качил на бината, му пришол на градоначалникот и му зададе неколку удари со нож пред шокираната публика. Тој извикувал дека се вика Стефан и дека неправедно лежел во затвор за време на владеењето на владата на либералите, а потоа му се нафрлил на Адамович, кој доаѓа од опозициската Граѓанска платформа.
Мажот бил совладан на самото место , а градоначалникот со тешки повреди во стомакот е префрлен во болница каде се бори за живот.