Најмалку осум лица се убиени во две одвоени престрелки во предградие на Чикаго, а во двете е осомничен истиот човек, јавува Си-Ен-Ен.
По масовната полициска хајка, масовниот убиец бил пронајден во близина на градот Наталија, Тексас, каде што се самоубил по пресметката со полицијата. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите жртви, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.
Прво уби седум лица во две соседни куќи во Џолиет, јужно предградие на Чикаго. Пред тоа и во неделата уби човек.
Познато е и името на првата жртва. Станува збор за Тојоси Бакаре, имигрант од Нигерија, а американските медиуми јавуваат дека седумте жртви од новото пукање се во роднинска врска со семејството.
Полицијата почнала да го следи автомобилот на злосторникот (црвена „тојота камри“), а на адресата каде што бил регистриран, ги открила прво телата на две, а потоа уште пет лица.
Мотивот не е познат, само е утврдено дека убиецот ги познавал жртвите, кои се уште не се идентификувани. ФБИ се вклучи во истрагата.