Седумнаесетгодишно момче Ѓорѓи Николовски е најсреќниот од над 150 пријавени верници кој го фати светиот крст во Скопје, каде поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан ги осветуваше водите на реката Вардар.
„Се најдобро за сите, Господ е голем, Господ гледа се, сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ“, кажа тој по фаќањето на крстот.
На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.
Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.