Дилан Томас (23), наследник на познатиот „Крал на питите“ е осомничен дека на Божиќ го избодел својот цимер Вилијам Буш.
ИТ експертот Томас е внук на Сер Гилберт Стенли, кој своето богатство го заработил продавајќи ги познатите “Peter’s Pies”.
Богатството на семејството се проценува на 270 милиони евра.
Томас е обвинет за убиство и се очекува да му се суди следниот месец.
На куќата во која живееле Томас и Вилијам сè уште стои лента, а неколку луѓе оставиле букети цвеќе пред куќата.
Томас и Вилијам биле најдобри пријатели и учеле на истиот колеџ. Двајцата живееле заедно две години.
Членовите на семејството на Вилијам му оддадоа почит на социјалните мрежи.
„Нашиот сакан Вил ни беше одземен на толку суров начин. Тој беше лојален, смешен и грижлив син, брат и момче“, се вели во соопштението на семејството.
Таткото на Томас, Сер Стенли Томас беше прогласен за витез во 2006 година за неговата добротворна работа.
Неговиот дедо започнал бизнис со пити со месо во 1980-тите, а неколку години подоцна тие го продале бизнисот за 80 милиони фунти.
Познатото семејство е косопственик на TBI Group, која поседува неколку аеродроми.
Томас требало да се појави на суд на 2 јануари, а следното судење е закажано за почетокот на февруари, објави Мирор.