Легендата на германскиот и на светскиот фудбал Франц Бекенбауер почина на 78-годишна возраст, објави агенцијата ДПА.
Легендарниот фудбалер боледувал од Алцхајмерова болест која значително се влошила, а семејството ја потврди веста за неговата смрт.
Неговото име ќе остане синоним за Баерн, каде за 13 години одигра преку 400 натпревари и освои се што можеше.
Како активен фудбалер го освои Светското првенство во 1974 година, а потоа како селектор во 1990 година.
Франц Бекенбауер во последните години се криеше од медиумскиот простор. Во своето последно појавување во јавноста сподели дека тешко гледа на едното око, а мораше да се грижи и за своето срце.
Бекенбауер важи за еден од најдобрите дефанзивци и германски фудбалери на сите времиња.