Словачки готвач е осомничен за страшното убиство на својата девојка, келнерка и се соочува со доживотна казна затвор. Полицијата ги пронашла грозоморните останки на 48-годишната жртва Патриција Н. во стан во Братислава во кој живеела со готвачот Јозеф Хануска (47).
Во станот била пронајдена и кофа со нејзините црева, срце и други органи, за која властите се сомневаат дека ја искасапил Хануска. Соседите велат дека двојката често гласно се карала, а еден рекол дека го слушнал Хануска како се заканува дека ќе и ја „скине главата“, пишува Дејли Мејл.
Полицијата пристигнала на местото на настанот, откако готвачот му испратил порака на својот братучед дека ќе се самоубие. Но, тој не го направил тоа, туку побегнал. Тој беше уапсен откако полицајците го пронајдоа како се крие во подрумот. Властите го обвинија за убиството на Патриција.
„Благодарение на оперативната истрага, истражителите од Братислава во петокот попладне приведоа лице за кое постои основано сомнение дека го сторил споменатото кривично дело. Најверојатно се работи за партнерот на убиената“, соопшти полицијата по апсењето.
Локалните медиуми подоцна дознаа дека таткото на Хануска бил погубен за убиство на две жени. Познат како Давителот од Братислава, Штефан Пантл беше уапсен во 1979 година откако убил две жени кои ги запознал на забава. Ги однел жените во својот стан и се обидел да има сексуални односи со нив. Кога го одбиле, едната ја задавил со појас, а втората девојка ја силувал и ја задавил.