29-годишен штипјанец бил повреден во потколеницата откако ловџија испукал куршуми кон него, мислејќи дека има волци.
Според извештајот на МВР, лицето К,К од селото Негорци додека се враќал кон неговиот имотот со козите, се посомневал дека во близина има волци и испукал од ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола. Потоа се упатил кон местото и го нашол И.В. (29) од Штип со повреди во потколениците. Потоа тој со свое возило го однел повреденито во Општата болница во Гевгелија.
Известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.