Чешките итни служби потврдија дека десет луѓе се убиени во денешното пукање во Прага, а 11. жртва е напаѓачот, чиј идентитет засега не е откриен. Пукањето се случи на факултет во самиот центар на Прага.
„Единаесет луѓе се мртви, вклучувајќи го напаѓачот, а 24 се ранети, од кои девет сериозно“, објавија итните медицински служби на Прага на социјалната мрежа Икс.
Полицијата претходно соопшти дека напаѓачот е елиминиран и дека плоштадот Јан Палах и околната област се затворени за движење. Пукањето се случи на Факултетот за уметности на Карловиот универзитет.
https://twitter.com/i/status/1737856114174341154