Телото на 35-годишната Ана Царева, заменик-главен уредник на пропутиновиот весник Комсомолскаја Правда, го пронашол нејзиниот татко во нејзиниот стан во центарот на Москва.
Царева била пронајдена мртва една година откако главниот уредник на весникот, Владимир Сунгоркин, починал под сомнителни околности.
Комсомолскаја правда се смета за омилениот пропаганден весник на Путин. Телото на Царева го пронашол нејзиниот татко откако се загрижил бидејќи таа со денови не контактирала со него, пренесува База. Полицијата ја истражува нејзината смрт, но првичните извештаи покажуваат дека немало знаци на кражба или насилна смрт.
Дејли Мејл пишува дека Царева наводно боледувала од неодредена акутна респираторна вирусна инфекција и имала висока температура неколку дена. Други медиуми објавија дека таа починала од акутна срцева слабост.
Царева била задолжена за уредување на содржината на веб-страницата Комсомолскаје Правда, а често пишувала и за војната на Путин против Украина. Тоа е најголемиот сајт за вести во Русија со 83,9 милиони читатели во октомври оваа година. Царева шест години била заменик-главен уредник.
Во септември минатата година, под сомнителни околности почина нејзиниот шеф, 68-годишниот Владимир Сунгоркин, главен уредник и директор на весникот Комсомолскаја Правда. Иако причината за смртта била наведена како срцев удар, по обдукцијата, смртта била класифицирана како сомнителна бидејќи биле констатирани знаци на задушување, објави Индекс.