Изразувањето на емоциите не им доаѓа на сите луѓе природно, а некои пак толку се плашат да ги покажат што целосно ги кријат во себе, па делуваат ладно и незаинтересирано иако воопшто не се такви. Петте хороскопски знаци што никогаш не покажуваат емоции се:
1. Водолија
Тие едноставно не сакаат да покажуваат емоции затоа што мислат дека тоа ќе направи да изгледаат ранливо. Затоа и попрво би одржувале растојание отколку да се отворат некому и да му дозволат на светот да види дека не се толку силни колку што тие самите сакаат да мислат.
2. Скорпија
Скорпиите ја поврзуваат отвореноста на емоциите со можноста да бидат издадени, па затоа и не сакаат да кажуваат што чувствуваат. Тие сметаат дека е подобро да ги избегнат емоциите отколку подоцна да се справуваат со несаканите последици што можат да произлезат од нив.
3. Девица
Тие ги кријат своите емоции, заедно со ранливоста зад беспрекорниот перфекционизам. На прв поглед изгледа како да имаат одговор за сè, но реалноста е дека тие се само многу добри актери што лесно се адаптираат на ситуацијата.
4. Близнаци
Близнаците не можат да поднесат некој да ги смета за ранливи па затоа и постојано се прилагодуваат на луѓето со кои се во друштво. Бидејќи тие постојано ја кријат другата страна од својата личност, никој не може да ги запознае во целост и токму тоа прави да се чувствуваат многу посигурно.
5. Бик
Тие ги кријат емоциите и ранливоста зад тврдоглавоста, па затоа и често оставаат впечаток дека се многу силни и недопирливи. Вистината е дека на овој начин тие само се штитат себеси и го кријат фактот дека не умеат да се носат со чувството на ранливост.