Натпреварот меѓу Анкарагучу и Ризе ќе се памети долго, не поради ремито (1:1) и квалитетот на фудбалот, туку по она што се случи по завршувањето на натпреварот.
Во регуларниот дел покрај двата гола, судијата покажа и два црвени картони. Ризе до бод дојде во 97.минута со голот на Аргентинецот, Адолфо Гаич.
Веднаш што судијата Хамит Улул означи крај на натпреварот, претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа влета на теренот. Првиот човек на клубот од турската престолнина не чекаше долго, ниту пак сакаше да се објасни пред судиската тројка.
Веднаш Улул го погоди со ефектен дирек во главата. Тоа беше вистински нокаут. Несреќниот судија падна на тревата, додека неговите помошници се разбегаа.